Турските власти денеска наредиле мерки куќен притвор за уште четворица избрани градоначалници во мнозинството курдски региони на истокот и југоистокот на Турција, објави АП.
Како дел од акцијата против прокурдските партии за кои Анкара ги обвинува за врски со екстремистите, градоначалниците кои победиле на локалните избори како кандидати на Народната демократска партија биле уапсени, сместени во куќен притвор, отстранети од функцијата и заменети со достојни кандидати „по вкус на Анкара“, објави агенцијата Анадолија.
Од последните локални избори во мнозинството курдски региони, властите замениле 45 градоначалници, а 21 се во затвор поради обвиненија за тероризам.