Турција: Макрон ја брани слободата на богохулењето

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Турција го осуди францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“ за објавување на карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед.

Оттаму го критикуваат претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој рече дека тој не е тој што треба да ја процени одлуката на редакцијата на „Шарли Ебдо“ за објавување на карикатурата, со образложение дека во Франција владее слободата на изразување.

„Силно ја осудуваме одлуката на весникот „Шарли ебдо“ за објавување на карикатури, навредливи за нашата вера и нашиот пророк“, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, пренесува Хина.

Анкара го критикуваше претседателот Макрон, кој, како што наведуваат, „ја брани слободата на богохулењето“ и оценија дека е неприфатливо да се оправда објавувањето на контроверзни карикатури во име на слободата на изразување.

Според Анкара, повторното објавување на карикатури на пророкот Мухамед во Франција на насловната на сатиричниот весник може да предизвика омраза кон исламот и странците.

Денес во Париз започна судењето на тринаесет мажи и една жена обвинети за соучесници на радикалните исламисти кои убија 17 лица во јануари 2015 година во редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ и на еврејскиот пазар.

Реакцијата на Турција доаѓа во време на силни тензии меѓу Анкара и Париз во врска со плановите на Турција за подводни истражувања на истокот на Средоземното море, за кои се верува дека се богати со нафта и гас, а на кои право полага и Грција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвинува Франција за заземањето на страната на Грција во таа криза.

Слични содржини