
Во Турција смртните случаи од коронавирус се зголемени за 115 во изминатите 24 часа на вкупно 2.491, се вели во соопштението на турското Министерство за здравство.
Бројот на новозаразени се зголеми за 3.116 на вкупно 107.790, што е најголем број во земји надвор од Европа и САД, објави Ројтерс.
Вкупно 18.491 лица се излечиле од коронавирусот, а 40.962 биле тестирани во текот на изминатите 24 часа.