ТУРЦИЈА НАПАДНАТА: Воените бази биле погодени од дронови, одекнувале експлозии (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
507 прегледи

Турската армија била цел на напади на курдски милитанти рано утрово, објави Министерството за одбрана на земјата.

Главни цели на нападот биле две воени бази на истокот на земјата, поточно Командата на беспилотните воздушни системи во провинцијата Батман и командата на 23-та пешадиска дивизија во провинцијата Ширнак.

Курдите користеле беспилотни летала, а како што соопшти турското Министерство за одбрана, нема жртви и материјална штета.

Локални извори цитирани од порталот „Саут фронт“ наведуваат дека рано утрово одекнале експлозии во нападнатите провинции, можеби како резултат на акциите на ПВО на турската армија.

Претходно оваа недела, два беспилотни летала нападнаа воздушна база во јужната турска провинција Дијарбакир. Работничката партија на Курдистан ја презеде одговорноста за акцијата.

https://www.youtube.com/watch?v=UVhGkAa__CI&t=1s