Турција попушти, го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО

од Nikola Popovski
238 прегледи

Турција денеска го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти финското претседателство, пренесува АФП. Ваквиот развој на настаните доаѓа непосредно пред Самитот на лидерите на НАТО во Мадрид.

Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска, наводно, потпишале меморандум за проширување на НАТО со двете земји.

– Постигнат е трилатерален договор – беше кажано во НАТО, а повеќе детали наскоро треба да открие генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Оваа вест на својот Твитер профил ја сподели и уредничката на „Sky News“ Дебора Хајнс.

Да потсетиме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше резерви за членството на овие земји во НАТО пактот, обвинувајќи ги дека се засолниште за терористите, мислејќи на различни курдски политички актери.

 

Слични содржини