Турција може повторно да почне воена операција во Сирија, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој.
-Нема да излеземе од Сирија се додека зоната за безбедност не ја исчистиме од терористи, истакна тој.
Аксој нагласи дека во подрачјата што веќе се исчистени од милитантите доброволно се вратиле околу 370.000 бегалци.
-Ситуацијата во Сирија ќе биде тема и на средбата на турскиот и рускиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, што ќе се оддржи на 8 јануари во Истанбул, заклучи Аксој.
Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу претходно кажа дека Анкара може повторно да ја почне воената операција „Извор на мирот“, доколку САД и Русија не ги повлечат курдските милиции на 30 километри од границата.
Официјален претставник на руското Министерство за одбрана веднаш се огласи по оваа изјава на Чавушоглу и соопшти дека тој став му противречи на решавањето на конфликтот. Тој истакна дека Русија ги почитува одредбите од меморандумот од Сочи, што беше потпишан од претседателите Ердоган и Путин на 22 октомври, пренесоа руските меидуми.