Брод натоварен со украинско жито го напушти денеска украинското пристаниште Одеса, пренесе Си-Ен-Ен Турк.
Турското Министерство за одбрана претходно објави дека бродот ќе исплови во 8:30 часот по локално време, или во 7:30 часот по средноевропско време.
Турското Министерство за одбрана, повикувајќи се на Заедничкиот координативен центар во Истанбул, објави дека првиот брод што ќе ја напушти Одеса по блокадата на украинските пристаништа на Црното Море ќе биде товарен брод од Сиера Леоне кој оди за Либан.
Ukrayna limanlarından ilk gemi bugün saat 08.30’da hareket edecektir.#MSB pic.twitter.com/vi18ggoyAg
— T.C. Millî Savunma Bakanlığı (@tcsavunma) August 1, 2022
На 22 јули, Москва и Киев потпишаа посебни договори со Турција и Обединетите нации, кои создадоа услови за деблокирање на извозот на украинското жито.
Договорено е да се извезат околу 22 милиони тони жито и друга земјоделска стока од црноморските пристаништа во Украина.
Како дел од договорот, на Русија ѝ е дозволено да извезува житарки и вештачки ѓубрива.