221
Самитот на НАТО во Мадрид на крајот на јуни не е краен рок за одлучување за кандидатурите на Шведска и Финска за членство, на кои Турција се противи, изјави денеска Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Во изјава за турската државна агенција Анадолија за време на неговата посета на Мадрид, портпаролот и главен советник за надворешна политика на Ердоган повтори дека напредокот во кандидатурата за членство зависи од тоа како Шведска и Финска ќе одговорат на турските барања, пренесе „Ројтерс“.
„Самитот на НАТО не го сметаме за временско ограничување“, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател.