Турција: Солзавец за учесниците во „Парадата на гордоста“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Турската полиција испука солзавец за да ги растера луѓето собрани на денешната „Парада на гордоста“ во центарот на Истанбул, а околу 20 лица, вклучително и фоторепортер, беа приведени, јавија локалните медиуми.

Ројтерс известува дека има снимки на кои се гледа како полицијата во целосна воена опрема турка и влече луѓе, од кои некои вееле знамиња во боја на виножито, додека се собирале на настан на споредна улица што се вкрстува со Централната авенија Истикал.

Турските власти во претходните години неколку пати забрануваа вакви манифестации.