Турција состави листа со барања за Шведска и Финска

од Nikola Popovski
192 прегледи

Турција составила листа од 10 барања кои наводно ќе ги побара од Шведска и Финска пред да го одобри нивното членство во НАТО, пишува денеска провладиниот турски весник Сабах.

Весникот ги повикува двете земји да ја прекинат секоја финансиска поддршка на групите поврзани со Работничката партија на Курдистан и борците на сириските Курди, кои Анкара ги смета за огранок на забранетите групи.

Има и барања овие земји да ги прекинат контактите со членовите на групата сириски Курди.

Турција дополнително сака двете земји да ја „забрзаат“ процедурата за екстрадиција на осомничените кои Турција ги бара под обвинение за тероризам.

Во весникот, исто така, е поставено барањето до Шведска да ја ограничи кампањата „дезинформации против Турција“ предводена од следбениците на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, за кого Анкара тврди дека стои зад обидот за пуч во 2016 година.

Многу следбеници на движењето Ѓулен побегнаа во Шведска.

Слични содржини