64
Турската полиција при операциите во земјата уапси 544 лица за кои има сомение дека се поврзани со Курдската Работничка партија (ПКК), јавија турските медиуми.
Се наведува дека турската Влада, Европската унија и САД ја оцениле ПКК како терористичка организација.
Меѓу уапсените се и постари членови на ПКК, а операцијата е изведена во 25 провинции, како и во Истанбул и Измир.