Турците за малку да завојуваат со Русија: Сухојот го бркале ракети, се спасил со вешти маневри на пилотот (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Рускиот авион Su-24 во четвртокот избегнал најмалку две противавионски ракети, истовремено давајќи и поддршка на сириската војска во јужен Идлиб.

Каналот „Халеб Тудеј“ објавил снимка на која се гледа како руски воен авион избегнува една од две ракети со маневрирање и пуштање на ракета мамка.

Сириските активисти тврделе дека проектилот од преносниот систем за воздушна одбрана MANPAD бил лансиран од турската опсерваторија во градот Каминас во јужниот дел на Идлиб, но овие тврдења не се потврдени.

 

 

 

Слични содржини