Претседателот на Советот на Европа Доналд Туск, изјави во петокот дека 27 членки на ЕУ на состанокот во Брисел се согласиле да дадат зелено светло на интерни подготовки за втората фаза разговори за Брегзит со Лондон.

Сите 27 држави членки на ЕУ сакаат да бидат подготвени за преговорите со Лондон за односите по Брегзит кога ќе се разрешат клучните прашања околу разединувањето на двете страни во разговорите кои се веќе во тек.
Тие сепак се блокирани, а британската премиерка Тереза Меј не успеа да го разбие ќорсокакот кога апелираше на своите колеги од ЕУ за време на работната вечера во Брисел во четврток вечер.
Членките на ЕУ соопштија дека се надеваат дека ќе направат доволен напредок за согласност на одредбите од спогодбата со Лондон во декември околу новите разговори со Британија за врските на двете страни откако Брегзит ќе се реализира во март 2019 година.
Германската канцеларка Ангела Меркел во четврток изјави дека разговорите со Британија напредуваат и дека малку е веројатно дека ќе пропаднат, пренесе Reuters.