11
Полскиот премиер Доналд Туск денеска во Стразбур изјави дека Европа мора да се вооружи за да опстане и оцени дека е неопходно земјите-членки на ЕУ да трошат до пет отсто од БДП за одбрана и безбедност.
За време на дебатата со членовите на Европскиот парламент за приоритетите на полското претседателство со ЕУ, Туск исто така рече дека проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Украина во блокот се цели за иднината.
Тој истакна дека безбедноста е клучен приоритет за Европа поради актуелниот конфликт на нејзините граници, политичките промени во САД и предизвиците што ги носат „лагите кои се користат како оружје и дезинформации на интернет“, се вели во соопштението на ЕП.