Туск и Иванов во четири очи !Ќе имаат получасовна средба без присуство на советници и дипломати

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој доаѓа во Скопје две недели по посетата на еврокомесарот Јоханес Хан.

Како што јави Дојче Веле планиран е разговор меѓу двајцата соговорници од половина час „во четири очи“, без присуство на советници и дипломати.

Во текот на последниве две години ова е трета посета на Туск.

На последната средба во март 2016 година, Туск и Иванов разговараа за постигнување заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. И овојпат повторно ќе разговараат за истите предизвици и улогата на Македонија во справувањето со нив, но и за политичката криза во земјата.