Туск: На Европа ѝ е потребна стабилна Македонија, евроатланската иднина и е во ризик

од desk3
85 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска преку „Твитер“ ја осуди одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги сопре сите судски процеси против политичари.

„На Европа ѝ е потребна стабилна ФИРОМ водена од владеење на правото. Евроатланската иднина на земјата е ставена на ризик“, напиша Туск.

Твитот на Туск е последен во серијата реакции од меѓународната заедница, во кои се оценува дека Иванов со својата одлука ја загрозува интеграцијата на земјата во ЕУ и во НАТО, со тоа што презема чекори спротивни на фундаменатлните европски стандарди, а тоа е владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Борисов: Македонија направи многу за запирање на мигрантите но ќе има дестабилизација

Иванов во своето обраќање до јавноста рече дека политичката криза е произведена и увезена од странство и оти не смее да се дозволи странци да ни ја решаваат состојбата во земјата. Од тие причини, како што рече, сам ја донел одлуката за аболиција, која треба да стави крај на политичката криза, која не успеа да се реши со Договорот од Пржино.