Туск: На Европа и треба план – и за сопствената безбедност и за Украина

од Vladimir Zorba
50 прегледи

На Европа и треба план и за Украина и за сопствената безбедност, изјави денеска од Варшава полскиот премиер Доналд Туск.

Тој нагласи дека во спротивно, други сили ќе одлучуваат за судбината на Европа или нејзината иднина, пренесe Ројтерс.

„На Европа итно и треба сопствен акционен план во однос на Украина, но и во однос на сопствената безбедност. Во спротивно, другите глобални сили ќе одлучуваат за нашата иднина и не мора да бидат во согласност со нашите интереси“, напиша Туск на социјалната мрежа Х.

Слични содржини