Полскиот премиер Доналд Туск денес повика на континуирано вооружување на Европа, наведувајќи дека „никој нема сериозно да ја сфати слабата и поделена Европа – ниту непријател, ниту сојузник“, со порака дека е време Европа да верува во сопствената сила.
„Мора да останеме обединети како никогаш досега. Еден за сите, сите за еден. Инаку, готови сме“, нагласи Туск во објава на социјалната мрежа X.
Претходно, во своето новогодишно обраќање, Туск ја истакна воената модернизација на Полска, истакнувајќи дека земјата гради „најголемата модерна армија во ЕУ за да ги заштити Полска и Европа од Истокот“.