Тутунарите и министерот Хоџа се договорија: Откупот ќе продолжи до 31 март

од Nikola Popovski
345 прегледи

Денеска производителите, компаниите и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа се договорија до 31 март да биде продолжен рокот за откупот на тутунот.

-Засега, просечната цена е 165,3 денари. До денеска се откупени 21 милион килограми тутун, а заклучно со утре се очекува да бидат откупени 98 отсто од договорените количини. Потоа ќе продолжи откупот на вишокот тутун што реално е најголемиот проблем годинава. Јас уште утре на Влада ќе предложам по брза постапка измена на Законот за тутун за да се пролонгира рокот за откуп до 31 март, а не да биде до крајот на овој месец. Во петтиот пакет антикризни мерки предвидовме пет милиони евра за тутунарите, но динамиката и начинот на кој ќе се исплатат останува да ги договориме откако ќе заврши целиот откуп, изјави министерот по средбата.

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на „Тутунари од Македонија” укажа дека т.н. вишок е всушност дел од производството за кое не се склучени договори. Не се работи за голема количина и целиот тутун мора да биде откупен.

-Вишокот не е вишок, туку тутун произведен во сите региони. Со години наназад производството е 25 милиони килограми. Тоа и годинава го имаме, не се работи за екстра количина, само што се намалени договорите па се вели дека е вишок.

Инаку, Иницијативниот одбор не се согласува со петте милиони евра да се покрива разликата во цената. Тоа треба да е КОВИД-мерка и да се распредели по килограм произвдеден тутун. Ако државата мисли дека со тие 10 – 12 денари ќе ни ги надомести загубите од 60 – 90 денари, греши, само ќе ги понижи тутунарите, потенцира Мирчески.

Претседателот на Сојузот на тутунски здруженија, Менде Стомнароски истакна дека за откуп се останати уште два милиона килограми договорен тутун, како и дека компаниите се подготвени да преземат уште два милиона килограми.

ратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес во Собранието поднесе предлог за измени и дополнување на Законот за тутун, по скратена постапка.

Со предлогот, ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на рокот за откуп на тутунот до 31ви март 2021 година, понатаму обезбедување на сигурност за склучување на договор за откуп и покрај тоа што е веќе поднесен приговор, како и допрецизирање на третманот на неферментираниот тутун.

Oпозицијата оцени дека голготата на македонските тутунари во последниве неколку месеци ескалирала и е надвор од контрола.

Слични содржини