Тутунарите незадоволни: „Тутунот се продава 1 до 2 класи подолу од реалната вредност“

од Nikola Popovski
347 прегледи

„Тутунот продолжува да се цени од 1 до 2 класи подолу од реалната вредност, 4 класа воопшто не се откупува, наместо по класи се откупа по шифри, за да се предаде тутуот се чека со денови, и луѓето за да предаделе тутун, мора да барат пријатели, да одат по партиска линија или да даваат мито“, објавија од Иницијативниот одбор на тутунарите.

Според Игор Мирчески од Иницијативниот одбор, за откуп се останати околу 7.000 тони од договорените 23.200 тони тутун и уште околу 4.000 тони вишок кои со сегашната динамика која се намалува, не може да се дооткупат во законскиот рок до крајот на февруари. Најпроблематично е во Долненско каде има производство од 9 000 тони, а досега се купени само 35 насто. Еџевит Ајдароски, тутунопроизводител од Долненско нагалсува дека се чека со денови на откуп, фирмите ограничено купуваат, има несакани ситуации.

„Тутунот што го носиш не ти го примаат сиот. И 40 картони да однесиш таму, по шифри ти ги ценат и од 40 картони, 25 си ги враќаш назад, така што и редот ти поминал што си го чекал. Ти бараат горни берби, горни берби му носиш за во „кец“, шанси нема, значи „кец“ не ти проценува и ти останува празна шифрата само за „кец“, така што другите берби не ти ги ни прима“ , вели Еџевит Ајдароски од Долнени.

Тутунарите бараат итна средба со откупувачите и министерството, а бараат и да се обратат пред пратениците во Собранието.

Тие обвинија и дека откупувачите намерно не им давале картони за да го спакуваат тутунот. Најавија дека в година ќе формирале нови здруженија кои реано ќе ги застапувале нивните проблеми.

 

Слични содржини