Тузла: Бројот на жртви од пожарот во домот за стари лица се зголеми на 13

Бројот на жртви од трагичниот пожар во домот за стари лица во Тузла се зголеми на 13, откако синоќа почина уште еден пациент кој беше хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Бројот на жртви од трагичниот пожар во домот за стари лица во Тузла се зголеми на 13, откако синоќа почина уште еден пациент кој беше хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар.

Пациентот беше на Клиниката за анестезиологија и реанимација, во тешка состојба и на респиратор.

По пожарот, во Универзитетскиот клинички центар беа хоспитализирани 30 лица, а сега остануваат 13 пациенти.