Судскиот совет во среда ќе одлучува за можно разрешување на судијка поради манипулации со делењето на предмети. На дневен ред за работа има точка со која е предвидено да се утврди одговорноста на судија, без да се соопштат повеќе детали. Според извори на ТВ 24 се работи за поранешна в.д претседателка на Кривичниот суд во Скопје за која ќе се оценува дали нестручно и несовесно работела кога подготвувала распоред на судии и одлучувала кој колега што ќе суди.
Неофицијално постои сомнеж за местенки со распоредот на судии кои не работеле под нејзин диктат. Официјално од Судскиот совет не се открива ништо.