ТВ Шења: Обдукцијата на Ризај и Реџај ги зајакна сомневањата на семејствата за ликвидација по апсењата

од desk3
92 прегледи

Експертизата за смртта на Бег Ризај и Арбен Реџај, објавени од ТВ Шења ги зајакна уште повеќе сомневањата на  семејството дека главните лидери на групата биле ликвидирани по апсењата во Куманово. Спроведена обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје на Реџај и Ризај докажува дека се убиени речиси идентично. Во експертизата за Ризај се заклучува дека неговата смрт е резултат на рана во главата, во висина од 178 сантиметри, мерено од стапалата на нозете.

thumbopen

Раната на Реџај, од друга страна, е речиси на истото место, со само 1 сантиметар разлика од на Бег.
Сепак како што пишува телевизјата ,во  обдукцијата нема  податоци за растојанието од кои е пикано и времето на нивната смрт.

Телевизија Шења контактираше и со Одделението за судска медицина при Министерството за правда на Косово, кој, исто така, изврши експертиза на загинатите во Куманово. Судска медицина во Приштина велат дека се уште не е затворена датотеката за обдукција, бидејќи веќе неколку месеци официјално Скопје не сака да ги доставуваат потребните податоци од почетната експертиза.

(ВИДЕО) Ген. Ангелов: Груевски обезбедил 200.000 евра од буџетот да се испита можноста за воведување втор службен јазик

Во меѓувреме, Бег Ризај и Арбен реџај беа идентификувани од страна на Советот за заштита на човековите права и слободи во Косово од некои од фотографиите објавени веднаш по конфликтот во Куманово. Покрај Ризај и Реџа, Советот се сомнева дека Мирсад Ндрецај и Сами Катсриоти беа фатени живи и потоа погубен.

 

Повеќе ТУКА