ТВ21: Едно лице и две лични карти за „чистиот“ избирачки списокот

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Нели списокот гласаа дека бил чист,  ама Тв21 објави сторија за пронајдени двојни лични карти за еден идентитет.

Ова е Љупчо Ф. роден 1956 година во Скопје каде што и живее. Ова пак е Љубомир Ф. роден исто така во 1956 година. И тој живее во Скопје. Навидум овие лични податоци на двајца скопјани не значат ништо сѐ додека не се забележи дека на двете фотографии од две различни лични карти е истиот човек со иста година на раѓање, од исти родители но со различни датуми на раѓање и различна адреса на живеење.

Првиот, Љупчо Ф. е роден на 9.7 и тоа е неговата оригинална лична карта а вториот, Љубомир Ф. е роден на 7.9 и тоа е двојната лична карта на истиот човек од овие фотографии. Ова е само еден од трите случаи на издадени двојни лични карти до кои дојде ТВ 21.

Екипата што работеше на случајот, се обиде да ги спореди податоците пребарувајќи во избирачкиот список од Државната изборна комисија. Пребарувањето покажа дека и Љупчо Ф. и Љубомир Ф. се уште се наоѓаат во избирачкиот список, иако Државната изборна комисија тврди дека списокот е прочистен.лк

„Се обративме до МВР и Министерството ни достави известување дека само на 260 луѓе им е поништено живеалиштето. Што да правам јас кога институцијата ми дава одговор дека од 5000 луѓе само 260 имаат услови да бидат избришани. Јас морам да го прифатам тој факт. Јас не можам да излезам и да речам дека МВР не ја зборува вистината.“, изјави Реџеп Прекопуца, потпретседател на ДИК.

Сличен е и случајот на Борче Соколовски на чија оригинална лична карта пишува дека е роден во 1978 година во делчево а живее во Скопје на улица „Доситеј Обрадовиќ“, односно на Боро Маринковски роден во 1978 во Скопје и живее на улица „Македонија“ исто така во Скопје. Изборните нерегуларности се предмет на истражување на Специјалното јавно обвинителство. Пред два месеци на распит во обвинителството беа група граѓани од Свети Николе за кое постои сомнение дека покрај тоа што имаат лични карти од градот каде што живеат тие се запишани и како жители на Скопје. Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски во емисијата Клик плус изјави дека спорно во целата ситуација е што Државната изборна комисија презема податоци од институциите меѓи кои е и МВР.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини