ТВ21: Метла за седум директори од ДУИ

од desk4
119 прегледи

Седум директори од ДУИ се очекува денеска  да бидат сменети, објави ТВ21, повикувајќи се на извори од партијата.

Смените треба да бидат образложени на денешниот состанок во Владата.

Со овие потези почнува реконструкцијата на извршната власт во вториот и третиот ешалон, откако претходно беа сменети неколку министри.

Премиерот Зоран Заев, неодамна најави дека  на на седница на Влада ќе биде ставена на дневен ред долгонајавуваната точка за смена на директори, но тоа не се најде на вчерашната агенда на седницата.