Твитер доби нова опција – Safe Mode

од Stefanija Kuzmanovska
452 прегледи

Популарната социјална мрежа Твитер доби интересна опција – Safe Mode.

Safe Mode ќе биде една од иновациите кои ќе се имплементираат во „безбедниот режим на работа“, а корисниците ќе можат, покрај блокирањето на профилите кои ги кршат правилата на оваа социјална мрежа, да ги „замолчат“, односно да не добиваат известувања за нив.

Твитер, патем, автоматски ќе обележува профили кои се склони кон дигитална злоупотреба и се препознаваат како „спам“, со што се ограничуваат начините на кои овие профили можат да комуницираат со вашиот профил, пренесува порталот The Verge.

Ова е уште една во низата функции кои ги воведува Твитер со цел да се намали бројот на малициозни и навредливи пораки, а покрај тоа, веќе се воведени многу други алатки кои „филтрираат“ навредливи објави.

Покрај оваа функција, постои уште една што неодамна ја воведе Твитер – Super Follows, опција што им овозможува на корисниците со голем број следбеници да заработат дополнително.

Слични содржини