189
Твитер ги суспендираше профилите на неколку новинари од „Њујорк Тајмс“, „Вашингтон Пост“, Си-Ен-Ен и други медиуми кои неодамна критички пишуваа за неговиот нов сопственик Елон Маск, пренесува АП.
Компанијата не објасни зошто ги отстранила профилите и направила да исчезнат нивните претходните твитови, наведува американската агенција.
Ненадејната суспензија на новинарите уследи по одлуката на Твитер во средата да го суспендира профилот @ElonJet кој ги следеше движењата на приватниот авион на Елон Маск.