Твитер го тужеше милијардерот Илон Маск, со цел да го принуди да ја купи социјалната мрежа, јавува Би-Би-Си.
Одлуката доаѓа откако Маск во петокот објави дека се повлекува од предложеното купување на Твитер во вредност од 44 милијарди долари.
Маск тврдеше дека Твитер не дал информации за бројот на лажни и спам-налози на платформата, пренесува Би-би-си.
Сега Твитер побара од судот во Делавер да му нареди на најбогатиот човек на светот да го заврши купувањето со договорените 54,20 долари по акција на Твитер.
„Откако јавно предложи да се купи Твитер, а потоа го потпиша договорот, г-дин Маск очигледно верува дека тој, за разлика од која било друга страна која подлежи на законот на Делавер, е слободен да го промени своето мислење, да ја уништи компанијата, да го наруши нејзиното работење, да ја уништи вредноста на акциите да и замине“, се наведува во тужбата.
Цената на акциите на Твитер падна за повеќе од 8 отсто во изминатиот месец.
Фото: Profimedia