„Твитер“ му порача на Маск: Се гледаме на суд!

од Vladimir Zorba
262 прегледи

По веста дека Eлон Маск се повлекува од договорот за купување на „Твитер“ вреден 44 милијарди долари, на вработените им е наложено да не даваат никакви изјави во врска со новонастанатата ситуација.

Во меморандумот што „Твитер“ го испрати до вработените, а во целост можете да го прочитате подолу, се наведува дека договорот за спојување е правна работа и дека компанијата планира да преземе правни мерки против Маск.

Во белешката што Шон Еџет, генералниот советник на „Твитер“, им ја испрати на вработените во петокот вечерта, стои:

Известени сме дека Елон Маск се повлекува од купувањето на „Твитер“.

„Твитер“ е подготвен да го финализира договорот по цена и услови договорени со г-дин Маск и планира да преземе правни мерки за да го заврши договорот за спојување. Уверени сме дека ќе победиме на судот во Делавер.

Бидејќи ова станува правно прашање, треба да се воздржите од твитање или давање какви било изјави во врска со ситуацијата. Ќе продолжиме да споделуваме информации кога ќе можеме, но имајте предвид дека сме многу ограничени во она што можеме да го споделиме.

Во овие тешки времиња, го цениме вашето трпение и континуирана посветеност на работата што ја работите“.

Претседателот на „Твитер“, Брет Тејлор, набргу потоа објави слична објава на својот „Твитер“ профил.

Тимот на Маск тврди дека компанијата не успеала да обезбеди податоци за бројот на ботови и лажни сметки на интернет и дека тоа е причината за повлекувањето.

Слични содржини