Твитер недостапен во Русија

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Социјалната мрежа Твитер не е достапна во Русија.

До Твитер не може да се пристапи во многу градови, особено во Москва, а пристапот беше прекинат денеска напладне.

Во текот на денот одвреме-навреме имаше проблеми со пристапот и до Фејсбук и Инстаграм.

Руската Федерална агенција за надзор на информатичката технологија и медиумите (Роскомнадзор) вчера објави дека делумно го ограничила пристапот до страницата на социјалната мрежа Фејсбук.