Твитер објави дека договорот со Маск е загрозен, но имаат ас во ракавот за да го задржат

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Акциите на Твитер паднаа за околу 4 отсто по затворањето на пазарите по извештајот на „Вашингтон пост“ во кој се вели дека договорот на милијардерот Елон Маск за купување на компанијата е загрозен.

Договорот веќе бил во неизвесност, според Маск, откако тој побарал повеќе информации за процентот на спам сметки на платформата. Но, „Пост“, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека тимот на Маск престанал да учествува во некои дискусии за финансирање на договорот од 44 милијарди долари. Тимот на Маск утврди дека не може да ги потврди податоците за спам-сметките на Твитер и сега се подготвени да направат „промена на насоката“, објави весникот, цитирајќи извор.

Меѓутоа, Маск не може само да плати отпремнина од милијарда долари и да си замине. Твитер би можел да се обиде да го задржи Маск на првичните услови тврдејќи дека неговите причини за повлекување не се поврзани со неговата основна дејност.

Твитер одржа виртуелен брифинг со новинарите претходно во четвртокот за да објасни како одредува кои сметки на неговата платформа се ботови или спам сметки. Компанијата рече дека обучените работници користат внатрешни податоци и сигнали за да стигнат до бројка дека помалку од 5% од нејзините дневни активни корисници се токму такви сметки.

Портпаролот на Твитер укажа на претходната изјава дека компанијата „има и ќе продолжи со соработка да споделува информации со г-дин Маск за да ја заврши трансакцијата во согласност со условите од договорот за спојување“.

„Сметаме дека овој договор е во најдобар интерес на сите акционери. Имаме намера да ја затвориме трансакцијата и да го извршиме договорот за спојување по договорената цена и условите“, додадоа оттаму.

Маск не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот.

Слични содржини