Твитер тестира опција која ќе им овозможи на корисниците да пријавуваат лажни вести

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Социјалната мрежа Твитер објави дека тестира опција која ќе им овозможи на корисниците да пријавуваат содржини базирани на лажни вести.

„Тестираме опција која ќе ви овозможи да означите твитови за кои мислите дека содржат лажни вести, во моментот кога ќе ги видите“, велат од компанијата.

Некои корисници во Соединетите држави, Јужна Кореја и Австралија засега можат да ја изберат опцијата „ова е лажно“, а Твитер наведува дека започнува во помал обем за да процени дали е тоа ефективен пристап.

Прашањето за дезинформации за Ковид-19 и вакцините достигна такви размери што американскиот претседател Џозеф Бајден во јули дури оцени дека Фејсбук и другите платформи „убиваат“ луѓе со тоа што дозволуваат да циркулираат лажни вести за болеста и вакцинацијата.

Слични содржини