На социјалната мрежа Твитер денеска имаше поделени мислења во однос на денешните демонстрации во одбрана на „уставобранителите“ кои на 27 април 2017 година влегоа насилно во Собранието, а подоцна дел од нив беа осудени на долгогодишни затворски казни.
Според едната страна, тоа се терористи кои го нападнаа уставниот поредок на државата со тоа што ги загрозија животите на пратениците, додека за другите се „уставобранители“ кои сакале да спречат тоа што се случи неколку години подоцна.
Нема поретардирано нешто од тоа да протестираш за насилници кои со фантомки на глави влегоа во собрание да тепаат пратеници.
— Поцков 🌖 (@GPockov) April 25, 2021
Оние што влегоа во Собранието во 2017 може евентуално да се правдаат со афект, недоволна информираност, добри намери кои отишле во погрешен правец…
Оние што денес ќе го "слават" настанот, ќе ги бранат "уставобранителите"… се тотално ненормални!— Биби (@The_BB_) April 25, 2021
според вмро, изгледа имање деца е license to kill. одиш тепаш убиваш те затвараат сликаш детето расплакано те пуштаат, греота за детето. детето на тепаниот убиениот нема емоции
— Maximum Overtroll (@MaximOvertroll) April 25, 2021
Па земале сликале девојчето на осудениот емоции да пробудат.
Таткото на истото што влезе да ги убива пратениците мислеше ли на нивните деца и фамилии?
Жална е злоупотребата на дечиња. Оно ништо не згрешило.— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) April 25, 2021
Тоа од што паметниот се срами, будала со тоа се гордее. Да, насилен влез во собрание на 27-ми април беше срам за сите нас. Вие си знаете дали се гордеете, големи сте.
— Брада (@legovski) April 25, 2021
Таман власта ја тресат скандали и ете ти ги вмровците да те потсетат на нивните најгнасни епизоди #27Април
— Jane Dimeski (@Janakija) April 25, 2021
а од кога се насилниците терористи за 27 април во затвор, од оваа или од минатата седмица?! зошто дури сега се протестира?! се чекаше пандемија?!
— Густав Охридски (@Nopak_od_Varosh) April 25, 2021
Значи тоа е тој став што веќе сто пати го имате кажано? Го оправдувате и поддржувате насилството на „27 април“? Алал ви бе ВМРО, дно дна. pic.twitter.com/4bxqOR6Q4E
— меланхолик (@toshex) April 25, 2021
Класична Гебелс школа. Како да оние со раскрварените глави од 27-ми Април немаа деца, кои гледаа во живо како некој се обидува да им ги убие родителите …
— Цандо Големиот (@CandoGolemiot) April 25, 2021
Убијци на 27 април – убијци и денеска.
— 42 (@forty_tw0) April 25, 2021
Од одиме од глупо кон најглупо:
Кафанџиите протестираат за помош
Протестираат за Монструм
Протестираш за насилството и ужасот на 27 април— Ја Банџи Ја (@jabandzija) April 25, 2021