Twitter забрани споделување фотографии и снимки без согласност

од Milan1

Twitter денеска објави дека нема да дозволи споделување на приватни медиумски податоци, како фотографии и видеа, на својата платформа, без согласност на лицето кое се наоѓа на нив.

Политиката за приватност на компанијата веќе забранува споделување на туѓи приватни податоци, како телефонски броеви, адреси и лични карти.

„Кога поединци на кои им се прикажани или овластени претставници ќе не известат дека не дале согласност за споделување на нивните приватни фотографии или видеа, ние ќе ги отстраниме“, напишаа од Twitter.

Основачот и извршен директор на мрежата, Џек Дорси во понеделникот поднесе оставка како прв човек на оваа социјална мрежа.

Слични содржини