Творба на Бенкси е омилено уметничко дело во Велика Британија

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Графитот на девојка која испушта од рака балон во форма на срце, нацртан од познатиот уличен уметник Банкси, е омилено уметничко дело во Велика Британија. Според анкета на компанијата “Самсунг” “Девојката со балон”, што се појави на ѕидот на продавница во источен Лондон во 2002 година, е најстарото модерно британско дело, за кое гласаа над 2.000 лица.

Графити беше отстранет и продаден во 2014 година за сума од 500 000 фунти (560 000 евра).

“Битката на Темерар” од Џозеф Тарнер, насликана во 1839 година, е на четвртото место.

На второ место се нареди пастирскиот пејзаж “Коли со сено” на Џон Констабол од 1821 година. Трета е сликата на Џек Ветра “Распеаниот батлер” од 1992 година.

Веднаш по нив застанува “Битката на Темерар” од Џозеф Тарнер, насликана во 1839 година.

Петта е скулптурата “Ангелот на Северот” од Ентони Горман од 1998 година, која претставува огромна структура на човек со крила, кој се издигнува над пат во јужните делови на Њукасл.

Три корици на албуми влегуваат во првите дваесет. Тоа се “Sgt Pepper” на “Битлси”, која е дело на Питер Блејк, како и “Dark Side of the Moon” на “Пинк Флојд” и “Never Mind the Bollocks” на “Пол пистолс”.