Творците на руската вакцина против Ковид 19 подготвени да му помогнат на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на центарот „Гамалеја“, задолжен за развој на првата вакцина против коронавирусот „Спутник V“, за „Спутник“ изјави дека се подготвени да му помогнат на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е заразен со коронавирусот, доколку стигне официјално барање до руските власти.

„Мислам дека ќе можеме да им помогнеме доколку официјално им се обратат на руските власти“, рече Гинзбург.

Тој исто така ги советуваше колегите на американскиот претседател да се вакцинираат со руската вакцина против короната.

„Мислам дека тие сепак ќе го решат тоа со нивниот претседател. Дај Боже таму кај нив се да биде добро. Патем, би било добро да се вакцинира со руската вакцина“, рече Гинзбург.

На потсетувањето од новинарите дека Трамп веќе е позитивен на коронавирусот, Гинзбург обрна внимание и на другите претставници на властите во Соединетите држави, нагласувајќи дека „таму спаѓа и заменикот на претседателот“.

Трамп претходно на Твитер објави дека тој и првата дама Меланија Трамп се позитивни на коронавирусот. Лекарот на Трамп, Шон Конли изјави дека претседателот и неговата сопруга се добри и дека очекува Трамп да продолжи со извршувањето на своите должности како шеф на државата „без прекини“.

Слични содржини