„Тврдокорни“ со инструкции за граѓанска непослушност: На предавниците не им зборувајте и не им се обраќајте

од desk2
81 прегледи

Здружението „Тврдокорни“ објави соопштение во кое ги даваат почетните насоки на тоа како да се спроведува граѓанската непослушност која ја најавија пред неколку дена, а која како што велат е наспочена кон „посебниот режим“ и оние кои го предале македонскиот народ.

„Тоа се штеточини, паразити кои живеат меѓу нас во нашиот свет и паразитски го црпат животот на целиот македонски организам. Тоа е диво месо кое треба да биде отсечено од нашето општество. Главниот однос кон нив треба да биде како однос кон паразити, како тавтабити. Секаде каде што се споменува, пишува нивното име да стои зборот паразит, тавтабита, лебарка, стаорец или некој друг соодветен збор. Никогаш на фејсбук, на интернет, во јавност или било каде не ги пишувајте нивните имиња сами. Секогаш кажувајте ги со предзнак и чувство на гадење“, сугерираат „Тврдокорни“ во своето соопштение.

Оттаму потенцираат дека граѓанската неспослушност е насочена кон сите оние кои го поделиле македонскиот народ да биде жртва за нивните олигархиски групи претставени во партиите, дпмне и сдс.

„Ако ви се комшии од сега не поздравувајте се со нив. Не им велете „здраво“, „добар ден”. Не зборувајте им и не обраќајте им се. Вашите деца да не ги дружат нивните. Ако биле себични и мислеле само на себе, тогаш сами нека живеат. Ако покрај вас на улица помине паразитот запејте ја „Проклети да се предавниците“ или некоја друга соодветна песна. Доволно колку да ве слушнат. Или плукнете со гадост додека поминуваат покрај вас. Кога ќе поминувате пред вратите или под прозорите на нивните станови испејте ја ‘Проклети да се предавниците’. Кога ќе поминете покрај нивните куќи плукнувајте накај нив и викнете ‘Проклети да се предавниците’ и поминете си. Или со ногата гмечете во празно како да гмечите тавтабита. Ако влезат во вашата продавница или било каде ако ви се обратат или не им зборувајте или ако морате да им одговорите свртете ја главата настрана за да им дадете до знаење дека не сакате да го дишете нивниот смрден предавнички здив. Ако влезат во кафана, ресторан каде седите со пријателите, станете и додека со удари на двете раце удирате како да сплескувате мува или со гмечење на ногата како да гмечите лебарка пејте ја песната ‘Проклети да се предавниците’“, наведуваат „Тврдокорни“ како дел од препораките за оние кои сакаат да им се приклучат во најавената граѓанска непослушност.

Оттаму исто така ги повикуваат истомислениците да се ја отворат имагинацијата за измислување секакви облици на, како што велат, граѓанска непослушност, бојкот и морално жигосување за без ризик, без трошок, секој во своето место каде се наоѓа, во рамките на своите права да се соочи со предавниците.

„Кога ќе ја повратиме татковината на народот, тогаш надворешниот непријател ќе биде победен. Тие малку паразити го уништуваат целиот организам. Не сакаа да сфатат со добри зборови, сега ќе мораат сфатат со сила и лош однос кон нив. Ако паразитите се покајат и го признаат своето недело ќе им простиме, но само откако поминат време на успешно македонско превоспитување“, потенцираат „Тврдокорни“ во своето соопштение.