Twitter мора да му предаде на Маск податоци за 9.000 сметки

од Vladimir Zorba

Елон Маск може да добие пристап до податоците на Twitter користени во ревизијата на активни корисници во 2021 година.

Други информации кои Маск ги барал во обид да го прекине договорот за купување на компанијата вреден 44 милијарди долари, беа одбиени од судијата и опишани како „апсурдно широки“.

Twitter ќе треба да достави податоци за 9.000 анализирани сметки во последниот квартал од 2021 година. Податоците беа анализирани со цел да се утврди бројот на лажни сметки.

Компанијата тврдеше дека овие податоци не постојат и дека ќе биде тешко да се соберат. Сепак, им беше даден рок од две недели компанијата да ги изнесе податоците.

Маск тврдеше дека компанијата го измамила со погрешно прикажување на бројот на лажни корисници на оваа социјална мрежа во финансискиот извештај на кој тој се потпирал при понудата за купување.

Слични содржини