Twitter сака да ја отстрани „лајк“ опцијата

од Vlatko K
104 прегледи

Twitter ја разгледува можноста за укинување на опцијата за допаѓање на пораки на социјалнатамрежа, но во блиска иднина тешко дека ќе го стори тоа, соопшти портпаролот на социјалната мрежа, Брендон Борман.

Извршниот директор Џек Дорси изјави дека не е обожавател на опцијата во облик на срце и наскоро ќе се ослободи од неа, објави „Дејли телеграф“. Тогаш прес-службата на Twitter наведе дека тие постојано „преиспитуваат се што влијае на услугата“, вклучувајќи ја и опцијата.

„Ние сме во рана фаза и уште не планираме да дадеме детали“, рекоа од компанијата. Борман подоцна ја даде следнава изјава: „Накусо, за „лајк“ опцијата. Јасно ставивме до знаење дека таквата можност се дискутира. Џек дури и разговараше за неа пред Конгресот. Нема конкретни рокови. Ова нема да се случи наскоро“. Месечната публика на Твитер достигна околу 355 милиони луѓе во јули годинава. Пазарната капитализација на компанијата пак надминува 24 милијарди долари.