318
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 14 часот на подрачје на Ѓорче Петров го лишиле од слобода Н.М.(24) од скопското село Бојане.
-По извршени проверки било констатирано дека возилото „дачиа сандеро“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пријавено за одземено од рент-а-кар компанија. Исто така, кај него била пронајдена и одземена марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.