208
На 06.11.2022 околу 17.00 часот на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец З.С..
Тој се сомничи дека извршил тешка кражба во трговски објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, сопственост на 44-годишниот гостиварец Р.С., при што одзел повеќе предмети.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.