Уапсен Агим Красниќи во Косово

од Milan1

Во Урошевац вчера се уапсени четворица државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница. Приведени се Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи, објавија косовските медиуми.

Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница. Според полицијата, првите три лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.

Полициски единици вчера запреле „ауди“ со македонски регистарски ознаки во Урошевац. Во автомобилот биле пронајдени три пиштоли и муниција. Тројца од четворицата приведени поседувале лажни документи за идентификација, соопшти полицијата.

– По сослушувањето на регионалните истражители, државниот обвинител одлучил на осомничените да им одреди притвор до 48 часа за други истражни дејствија и други постапки за екстрадиција на лице кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението.

Слични содржини