Фармацевт од медицинскиот центар Аурора во Графтон, близу американскиот град Милвоки, беше уапсен во четвртокот под сомнение дека намерно уништил околу 570 дози вакцини за коронавирус, објави полицијата.
Вакцините од американската компанија Модерна ги извадил од замрзнувачот каде инаку треба да се чуваат, што ги направи неупотребливи.
Осомничениот фармацевт признал дека тоа го сторил намерно, но неговите мотиви не се познати.
Полицијата не го објави неговото име, но подоцна беше откриено дека станува збор за 46-годишниот Стивен Банденбург.