Уапсен Берни Еклстоун

од Nikola Popovski

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, е уапсен во Бразил во средата вечерта поради нелегално носење оружје додека се качувал во приватен авион за Швајцарија, соопшти бразилската полиција.

Полицијата пронашла мал, полуавтоматски пиштол „LW Seecamp“ од 32 милиметри, без валидни документи во багажот на Еклстоун, се вели во соопштението, додавајќи дека Британецот потоа бил уапсен и одведен во објект на аеродромот Виракопос во Кампинас, во близина на Сао Паоло.

Еклстоун признал дека поседува пиштол, но рекол дека не знаел дека е во неговиот багаж. Британецот платил кауција и бил пуштен да отпатува во Швајцарија.

Еклстоун (91) сега е во брак со Фабијана Еклстоун од Бразил и ја извршува функцијата потпретседател на ФИА и член на Светскиот совет за мото-спорт.

Во мај, тој присуствуваше на неколку настани во јужноамериканската земја, вклучително и локална автомобилска трка на село во близина на Сао Паоло, како и се дружеше со трикратниот светски шампион Нелсон Пике во Бразилија.

Слични содржини