Уапсен Британец, возел со 240 км / час

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Британската полиција уапси возач кој возел Ferrari California со над 240 км / час на прометен автопат.GetimageasJpeg

Инцидентот се случил во близина на градот Вокинг, грофовијата Среј. Полицијата била алармирана од граѓани кои виделе како по автопатот лета црно-бел спортски автомобил, чија цена е 200 000 фунти. 25-годишниот глупав возач бил запрен буквално три минути по првото јавување на вознемирен државјанин. За целта биле користени два моќни полициски автомобили BMW 530s.

Сторителот го чека суд и солена казна.