Уапсен човек кој ја следел Иванка Трамп

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Тајните служби во Њујорк уапсија наводен следач на Иванка Трамп – ќерката на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, пренесе TMZ.

Во 2012 година Џастин Маслер бил осуден на шест месеци за следење на Иванка. На крајот на ноември оваа година тој бега од психијатриска болница во Невада.

Според изданието, неколку дена потоа Маслер се појавил во Њујорк, а неговиот брат му резервирал соба во хотел, кој е лоциран во населбата, само на една раскрсница од облакодерот Trump Tower.

Кога тајните служби добиле информации дека Маслер е во градот, тие го уапсиле. Во моментов мажот е повторно во клиника, бидејќи се уште е на условна казна по одлуката од 2012 година.

Според TMZ, Иванка успеала да го убеди судот да нареди на Џастин да не ѝ се приближува.

35-годишната бизнисменка и поранешен модел е најголемата ќерка на милијардерот Доналд Трамп, кој ја победи Хилари Клинтон при последните избори во САД, кои се одржаа на 8 ноември.

Таа е сопруга на инвеститорот Џаред Кашнер и има два сина и една ќерка.