Уапсен дедото на напаѓачот од Младеновац, полицијата кај него пронашла оружје

од Stefanija Kuzmanovska
1,2K прегледи

Дедото на младиот У.Б.(21), кој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14, денеска е уапсен откако полицијата во неговата куќа пронашла бомби, автоматска пушка и муниција, јавува дописникот на „Танјуг“ од Крагуевац.

Осомничениот У.Б. се криел во куќата на неговиот дедо, каде полицијата го пронашла.

Да потсетиме, само еден ден по масовното убиство во белградското основно училиште, синоќа се случи уште еден напад. Напаѓачот У.Б пукал во селото Дубона каде убил млад полицаец и неговата сестра, а пукал и во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац.

Според досегашните податоци, најмладата жртва е петнаесетгодишно дете.

Слични содржини