Уапсен дилер, дома му нашле прашкаста материја

од Nikola Popovski
235 прегледи

На 04.08.22023 во 17.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода И.С.(41) од Струмица.

При преттрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Слични содржини