На граничниот премин Ќафасан уапсен е Др. Адил Мустафа, човекот кој заедно со својот партнер Борче Чупетрески на прес конференција упати обвинувања за организиран криминал во медицинскиот бизнис.
Уапсен е додека патувал за Тирана каде што и работи како гинеколог.
Како што информираа од полцијата, Мустафа е уапсен по налог кој на Основниот суд во Тетово.
Тој бил правосилно осуден за издржување затворска казна за измама при добивање кредит, за што му била одредена казна во времетраење од 170 дена, која подоцна била преиначена во парична казна.
Органите на прогонот го ослободија денеска откако тој ја платил потребната сума.
Др. Мустафа беше уапсен од граничната полиција на преминот Ќафасан крај Струга, откако системот за него покажал дека има распишана потерница за него. Засега не се соопштува за причината поради која бил распишан налогот за негово апсење.
Др. Мустафа и Чупетрески на пресконференција информираа дека се жртви на незаконска активност, во која биле вмешани политичари и банкарски работници, а сето тоа било зачинето и со барање мито, уцени и невидени притисоци, се со цел, како што рекоа, оваа инвестиција да не успее, бидејќи била на „туѓа бизнис територија“. Двајцата велат дека одлучиле своите маки и проблеми да ги споделат со јавноста, за да ги освестат и останатите бизнисмени кои се соочуваат со разни закани и притисоци, да не молчат туку јавно да проговорат.
