Уапсен кавадарчанец кој му се заканувал на Јанчев и неговото семејство

од Nikola Popovski
33 прегледи

Ноќеска бил уапсен кавадарчанец откако на Интернет му се заканувал на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев и неговото семејство.

Полицијата постапила по претходна пријава.

-Синоќа во 00.05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци на социјални мрежи. С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

И во месец мај беше обелоденето дека Јанчев добил смртни закани од пијан 35-годишен кавадарчанец. Инцидентот се случил во угостителски објект. Лицето, како што соопштија тогаш од полицијата, бил задржан во станица, а по целосно документирање на случајот против била поднесена соодветна пријава.

Слични содржини